Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер е регистриран рано утрово во Охрид.
Земјотресот се случил во 04:34 часот, на 9 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални штети, освен за вознемиреност кај граѓаните. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.