Skip to main content

Епицентарот меѓу куратица и опеница

Земјотрес утрово во охридско

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од пет километри.
 |  инфодеск  | 
Земјотрес

Земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница е регистриран утринава.

Станува збор за послаб потрес со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала, како што покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил на длабочина од пет километри.