Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Тирана, во близина на Бурел, јавија албанските медиуми.
Како што се наведува, по првиот следел втор, полесен земјотрес. Засега има информации само за помала материјална штета во областа Клос.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија и во Црна Гора. Земјотресот ги стресе и Охрид, Кичево, Струга и Дебар.