„Жена домаќинка“ викендов во Охрид
„Жена домаќинка“ по триесет и први пат. Веќе три децении глувите лица од земјава доаѓаат во Охрид да покажат дел од своите кулинарски вештини. Годинава за прв на овој настан се натпреваруваат екипи од Сојузот на глуви од Р. Бугарија и Р. Србија.
Полни три децении се одржува настанот „Жена домаќинка“ во хотелот Далјан, Охрид. Вредните домаќинки од земјава и годинава ги засукаа ракавите и покажаа интересни идеи на готвење за ова традиционално натпреварување. Славица Стефаноска вели дека дел од екипите ги подготвуваат традиционалните специјалитети од каде што доаѓаат, како што е тоа Св.Николската пастрмајлија, солени грклани по стара рецепта итн.
„Оваа година имаме пријавено 15 екипи од Македонија од 15 градови од земјава, екипа со три членки кои што спремаат три специјалитети, благо, солено по нивен избор. Оваа година за прв пат имаме гостинки и од Сојузот на глуви на Бугарија и Србија, кои се тука со нивните претседателки на националните сојузи. Интересен настан, ќе размениме многу искуства и ќе научат многу нешта и за декорацијата и за начинот на приготвување“
Учесниците на „Жена домаќинка 2018“ покрај тоа што готват, меѓусебно се запознаваат, се дружат и разменуваат рецепти. Атмосферата навистина е прекрасна и се трудиме овие три дена на нашите гости да им обезбедиме содржини за незаборавен престој, нагласува Стефаноска.
„Прво ни се погоди многу времето, така да, бидејќи во петок навечер вршиме извлекување во колку часот која екипа ќе се натпреварува, многу од членките имаат и слободен ден да го посетат Охрид и неговите знаменитости, да испијат кафе покрај езеро. Има навистина голем интерес со самото тоа што имаме 15 градови од Македонија“
Како и секоја година, организаторот Сојузот на глуви лица од Македонија за најдобрите три екипи доделува награди.