СВР Охрид
Жена со фалсификувана банкнота од 100 евра платила во дуќан во Охрид
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На 04.03.2024 во 11.20 часот во СВРОхрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека на 03.03.2024, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра. Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана, информираат од СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



