Локален пат во селото
Жена од Лескоец нападната од куче скитник
Жена нападната од куче скитник. Инцидентот се случил на локален пат во селото Лескоец, во 23 часот и 40 минути, информираат од СВР Охрид.
Нов случај на напад од куче скитник, овојпат во Лескоец, информираат од СВР Охрид.
На 13.08.2022 година во 23:40 часот, С.С.(35) од охридското село Лескоец, во СВР Охрид пријави дека, на локален пат во селото, била касната од куче скитник.


