Skip to main content

Економска независност на жените

Жената треба да биде вработена

Статистиката за уделот на жените во работната сила покажува дека економската независност и понатаму е предизвик. Зајакнувањето на жените преку намалување на стапката на невработеност, поддршка на женското претприемништво и поголемо учество на жените во креирањето на политиките на локално и национално ниво е исклучително важно за постигнување на родова рамноправност а со тоа и напредно општество. ТВМ спроведе анкета за тоа како жените од охридско струшкиот регион гледаат на потребата од нивна економска независност.
 |  инфодеск  | 
Жена

Две третини од економски неактивното население во земајва се жени. Ниски 39% од работоспособните жени се вработени. Само 30% од бизнисите се во сопственост на жени. Ваквата статистика ја нагласува потребата од создавање можности и услови за поддршка на економското зајакнување на жените. ТВМ спроведе анкета за тоа како жените од охридско струшкиот регион гледаат на потребата од нивна економска независност.

95% од анкетираните сметаат дека жената треба да биде вработена без оглед дали нејзиниот партнер заработува доволно за обезбедување на потребите на домаќинството и семејството.

70% од анкетираните се вработени во приватна фирма, 10% сопственичка на бизнис, исто толку невработени, а по 5% одговориле дека работат во јавна администрација или како фриленсери.

Жените од регионот ги следат информациите кои се однесуваат на можностите и мерките од надлежните институции за вработување, самовработување или пак стекнување одредени вештини , докфалификации, прекфалификации кои ќе ја подобрат нивната позиција на пазарот на трудот или ќе им помогнат да започнат сопствен бизнис. 60% од анкетираните одговориле дека се информирани во врска со мерките и можностите за вработување и самовработување.

Половина од анкетираните одговориле дека во некоја прилика се соочиле со дискриминација при аплицирање за вработување. Желбата да работи за себе и да има поголема заработка е главен мотивациски фактор кој би ги поттикнал да започнат со сопствен бизнис. Притоа, најголем дел од нив себе си се гледаат како претприемачки во услужните дејности. Најмногу одговориле дека сакаат да отворат угостителски објект, потоа козметички салон. Дел одговориле дека се пронаоѓаат во трговијата и маркетингот.

Но она што ги спречува е недостигот на финансии. 45% од анкетираните одговориле дека немањето стартен капитал е пресудно што не отвориле сопствен бизнис. 25% одговориле дека немањето доверба во сопствените претприемачки способности се пресудни како ограничувачки фактор. Мал дел се изјасниле дека немањето поддршка од семејството и околината или несигурнсот од балансирање меѓу приватниот живот и обрските ги одвраќаат од размислувањето да се пробаат како претприемачки.

Од анкетираните 80% се од Охрид, најголем дел од возрасната група од 36 до 55 години (50%) и од 26 до 35год. (35%). 80% од анкетираните одговориле дека се со висока стручна спрема, факултетско образование. ТВМ анкетата ја спроведе во текот на месец феруари преку алатката Engaged Citizens reporting.