Skip to main content

Жените од ДПМНЕ од Охрид и Дебрца со осврт кон сработеното

На нивното годишно собрание се потсетија на сите реализирани активности во текот на изминатата година. Велат дека во иднина продолжуваат со исто темпо.

 |  Мишел Наумоски  | 
unija na zeni dpmne
унија на жени дпмне

Сработени активности и идни планови. Свеченост и културно-уметнички дел за заокружување на изминатата година. По стружанки, и охриѓанки од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одржаа своето годишно собрание, на кое ги споделија и потсетија на сите реализирани активности во годинава што изминува. А имаа и со што да се пофалат.

Slavica Jankulovska„Многу трибини, многу активности од сите општествени сфери на живеењето. Она што сметавме дека на сите мајки, жени, граѓани на Охрид им е потребно како доедукација или запознавање со проблемите, затоа што проблемите со децата, проблемите во општеството, не се проблеми само на жените од ВМРО-ДПМНЕ, туку се општи проблеми за сите нас. Сметавме дека треба да се даде свој придонес во реализирање на некои идеи, на мајките на жените, општо за сите жени во Охрид.“-рече претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Дебрца, Славица Јанковска.

Со активности продолжуваат и во иднина. Веќе започнале со реализација на дел од идеите, пред се во делот на едукација како треба да се однесуваат мајките, и како да се воспитуваат децата во пресрет на учебната година.  Претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска вели преку реализација на месечните акциски планови, униите на жени од ВМРО-ДПМНЕ од сите 74 ОК, се реализирала и нејзината желба за компактност и заедничко функционирање на жените од партијата.

Daniela Karagjozoska„Да ви кажам 100 проценти, можеби нема да ми верувате, можеби ќе звучи премногу пофалнички, меѓутоа верувајте дека максимално се трудат што мене ми е најважно. Значи некогаш има многу различни случувања околу вас кои не дозволуваат да нешто реализирате и да направите во онаа реална можност во која треба, меѓутоа мене ми е важно дека се трудат, дека сакаат, дека работат, дека секој ден имаат нови и нови членови во Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ и прераснаа во една моќна асоцијација на жени во Република Македонија.“-вели Д-р Даниела Караѓозоска-Претседател на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ.

За ова годишно собрание да не биде само работен собир, Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Дебрца програмата ја зачини со свечености и културно-уметнички дел.

{loadposition content9}