Skip to main content

Жешка атмосфера во Охрид

Викендов се распалија партиските фитли на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ. Точно во исто време во 12:00 два преса, СДСМ на еден страна, а ВМРО – ДПМНЕ на друга страна од охридскиот плоштад.

 |  Николоска Биљана  | 
vvmro
ввмро

Пред само неколку часа од најавениот митинг на СДСМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, сакаа на лидерот на СДСМ да го потсетат на се она што направил за Охрид за време на неговото владеење.

„Тука сме денес пред најавениот протестен митинг во Охрид да го потсетиме Бранко Црвенкоски што тој сторил за Охрид и охриѓани.Колку фабрики беа обезвреднати а потоа затворени или продадени,за време на неговото владеење. Да го потсетиме што направи неговиот старо-нов градоначалник во неговото осум годишно владеење.Не изгради ништо, ниту едно фудбалско игралиште,ниту еден тениски терен,ниту олимпискиот базен, а камо ли аква паркот кој ни го вети на нас младите“.

pressОд Унијата на младите сили на ВМРО ДПМНЕ ги повикаа младите на Охрид да го кренат својот глас против Црвенкоски и Петрески.

„Токму затоа ги повикуваме сите млади охриѓани без оглед на нивната политичка,верска,етничка или друга припадност, од денес да се сплотат во протест против Градоначалникот на Охрид, да кренат глас против Бранко и Петрески,  да покажат дека никој не смее да си поигрува со интелегенцијата на младите. Александар Петрески и тајфата околу него, во неговиот осум годишен мандат успеа да ги избрка младите од Охрид, од Охрид да направат град со најмногу раселени млади луѓе“.

По се изгледа во Охрид како предвреме да започна предизборната кампања за локалните избори кои се закажани за март 2013 година.

{loadposition content9}