Skip to main content

Жестоките охридски боксери-атакуваат на врвот на „Златен гонг 2012“

Охридските боксери деновиве напорно тренираат за овој голем меѓународен турнир.

 |  Мишел Наумоски  | 
sparing boks
спаринг бокс

Работа, работа и само работа. Ова е мислата водилка која охридските боксери и покрај потешкотиите ги води до успеси. Тие деновиве тренираат понапорно од обично бидејќи се подготвуваат за учеството на големиот меѓународен турнир во бокс, „Златен гонг 2012“. Велат дека има голема конкуренција, но и дека не се плашат од никого.

trening BK Ohrid„Златен гонг е еден од појаките турнири во Европа. Пред две години се сеќавате на Кубанците. Има доста конкренција. Оваа година ќе бидат Британците, кои имаа најмногу медали на Олипијадата и Русите се тука. За другите не знам, поканети се доста држави. Се подготвуваме сами во услови кои и самите гледате какви се, нема подготовки, федерацијата не е заинтересирана многу за „Гонгот“.-вели Сашо Лескароски натпреварувач од БК „Охрид“-Охрид.

И покрај речиси никаквите услови за тренирање, боксерите велат дека успеваат да бележат успеси. Тие сметаат дека и подршката на боксерската федерација не е на потребното ниво, бидејќи сите клубови би требало да имаат заеднички тренинзи пред вака голем меѓународен натпревар. Сите учесници се жестоки борци, но еве кои се најлутите ривали.

sparing boks„Испаднало дека ние на Балканот меѓусебе секогаш се натпреваруваме за финалето. Кој-како, зависи во која категорија, но да речеме еве фаворитите се натпреварувачите од поранешниот Советски сојуз, Украинците, Узбекистанците, Казакстанците ако дојдат, Кубанците, како на светско ниво, така и на овој турнир.“-рече боксерот Илче Јоноски, исто така натпреварувач на „Златен гонг 2012“.

Тренерот на боксерите, Митко Нестороски вели од ништо правиме нешто. Добиваме некоја помош од општината како превоз, но тоа сепак не е доволно бидејќи го носиме името на градот. Покрај напорната работа, за секој боксер потребна е специјална исхрана и добра опрема.

trofei BK Ohrid„Тие се одрекувања кои тие сами си ги купуваат. Се сами си купуваат. Мораме да плаќаме и котизација, храна. Само превозот што го имаме, што ни го покрива општината, се друго е на наш товар, немаме никаква опрема, гледате во какви услови тренираме. Секој со своја опрема тренира, немаме крпи, тренерки што се вели. Но сепак успеваме, имаме волја и ќе одиме напред.“-вели тренерот Митко Нестороски.

Инаку натпреварите од „Златен гонг 2012“ ќе се одржуваат на 9ти и 10ти Ноември, и тоа полуфиналињата во Радовиш и финалето во Скопје. На овој голем меѓународен турнир, покрај нашите двајца соговорници, Сашо Лескароски и Илче Јоноски, боксерскиот клуб Охрид ќе го претставува  уште и Бојан Ристески.

{loadposition content9}