Skip to main content

ЗГ „СОВЕСТ“ го одложи протестот за Али Пашината џамија

Закажаниот мирен протест на здружението на граѓани Совест за реконструкцијата на Али Пашината џамија, кој првично беше најавен за утре,19ти март, се одложува на неопределено време, информираат од здружението.

 |   | 


Закажаниот мирен протест на здружението на граѓани Совест за реконструкцијата на Али Пашината џамија, кој првично беше најавен за утре,19ти март, се одложува на неопределено време, информираат од здружението.

Ваквиот развој на настаните се должи на реакцијата на институциите и нивно конечно прифаќање на одговорноста. Во таа насока е закажаната средба на претставници на ЗГ „Совест“ со премиерот Зоран Заев, за 20 март во Скопје. Се надеваме дека она за што искрено се залагавме во изминативе две и пол години – почитување на законите и зачувување на вредностите на Охрид,  ќе вроди со плод и нема да продолжи незаконското постапување во однос на Алипашината џамија. – соопшти ЗГ „Совест“.


Додаваат дека за нивните идни чекори по однос на ова прашање ќе информираат по средбата со премиерот.  Инаку од Здружението Совест првично
ги повикаа надлежните институции, до денес, да се изјаснат во врска со незаконитото градење на Али пашината џамија во спротивно најавија дека револтот од начинот на кој се одвива реконструкцијата на џамијата и изградбата на 32 метарско минаре, ќе го изразат преку мирен протест.