ЗГ „Совест“ поднесе кривични и прекршочни пријави за Али Пашината џамија
Поднесени кривични и прекршочни пријави до првите луѓе на институции кои не постапиле според Законот за заштита на културното наследство за Али пашината џамија. Од Здружението на граѓани „Совест“ обвинуваат дека продолжува изигрувањето на законската регулатива со активностите кои продолжуваат на објектот. Бараат стопирање на проектот и формирање на експертска Комисија за испитување на се она што претставува културно наследство на оваа локација.
Паднaа и првите кривични пријави во врска реконструкцијата на Али Пашината џамија. Од ЗГ „Совест“ денеска на прес конференција инфромираа дека до Јавното обвинителство покренале обвиненија против првите луѓе на неколку инстиуции кои не постапиле според законските прописи за заштита на културното наследство.
„ До градежниот инспектор Виолета Петрушеска од Државната градежна инспекција, до Кофујанакис од Управата за заштита на културното наследство , до раководителот на управата Зоран Павлов, кривична пријава до екс дирекотрката на охридскиот Завод и Музеј, а прекршочни пријави има и до 14 раководители“, информира Трендафилов од ЗГ Совест.
Ние немаме верска и политичка омраза кон никого , сакаме Али Пашинат џамија и понатака да е културно наследство како што е прогласена. Бараме да се почитуваат не само објектот туку и просторот околу локацијата. Од Совест денес приложија документ од кој се гледа дека на таа локација има и други археолошки пластови кои датираат дури од праисториското железно време.
„Уште еден документ во времето на Паско Кузман кога беше в.д. директор . Во него стои со перманентно присуство на стручна екипа од Завод и музеј се разоткриени остатоци од римска градба во која има под хоризнтално праисториски садови, керамика, од крајот на бронзено и железно време. Над рушевините на термата доцна античка некропола, засведени ѕидани гробници и гробови од тегули и садови. Гробица ѕидана со мермерни плочи“, наведува Трендафилов.
ОД ЗГ Совест, предлагаат да се формира независна Комисија составена од компетентни личности кои ќе ја испитаат целата процедура, да се ангажира лабораторија за испитување на ѕидовите на џамијата за кои се претпоставува дека припаѓаат на црква која претходно била на оваа локација, како и да се вклучи УНЕСКО.
Од „Совест“ јавно ја повикаа локалната власт да покаже поголема заинтересираност околу случајот со Aли пашината џамија истовремено упатувајќе критика и до локалната самоуправа но посебно до градскиот совет за нивна инертност во врска со случајот.
Упатуваат апел до сите надлежни институции ова културно наследство да биде приказна за убав соживот на овие простори, а не за омраза.