Skip to main content

Зголемен број на полициски службеници за мирно лето

Најмногу сконцентрирани-пред угостителските објекти, најпосетените плажи и паркинзите.

 |  Мишел Наумоски  | 
obvinet za obljuba
обвинет за обљуба

Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“ низ градов.

Ohrid krajbrezje„ Поставеноста на полициските службеници е аналогна на безбедносните проценки кои нашата служба постојано ги прави, посебно сега во летниот период. Имено се поставени таму каде што во изминатиов период имавме реакции и појави на нарушувања на јавниот ред и мир, физички напади. Така да примарно и приоритетно се поставени на неколку угостителски објекти, тоа се три до четири објекти каде што постојано во текот на денот и ноќта се наоѓаат полициски службеници во цивил но и униформирани полициски службеници.“-рече портпаролот на СВРО-Охрид, Стефан Димоски.

Покрај угостителските објекти, полициски службеници ќе бидат концентрирани и по целото охридско крајбрежје се до Свети Наум како и  најпосетените плажи, а посебно внимание ќе биде обрнато и на паркинзите каде што од СВР-Охрид велат дека најчесто се случуваат обивања на возила и кражби. Уште пред почетокот на сезоната службите на СВР-Охрид на неколку состаноци ги предупредиле сопствениците на угостителските објекти за потребата од координација на сите чинители на безбедноста.

Stefan Dimoski„Јасно и гласно им беше укажано дека и во нивни интерес е да го пријават секое нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи изминативе години имаше случаи кога одредени сопственици на угостителски објекти го прикриваа нарушувањето со цел да го заштитат угостителскиот објект и неговиот имиџ. Тоа секако не е добра работа и не оди во прилог на добрата соработка меѓу нив и нас како институција. Ние сме тука присутни за севкупната безбедност во тој контекст и безбедноста на угостителските објекти што значи дека неминовна и неопходна е меѓусебната соработка.“-вели Димоски.

За среќа во досегашниот дел од оваа летна сезона од СВР-Охрид не детектирале некој посериозен инцидент. Димоски потенцираше дека изминатиов период поактивни биле крадците, но со оние досега 10 откриени кражби кои ги забележале, тој вели дека и тука ситуацијата се стабилизира. А ние искрено се надеваме дека оваа поголема концентрација на полициски службеници ќе ги исплаши прекршителите и ќе значи едно убаво, мирно лето за охриѓани и туристите.

{loadposition content9}