Зголемен бројглувци во некои охридски населби
Зголемен број глувци во некои охридски населби.
Во населбата Бараки „Гоце Делчев“ и на улицата Дејан Војвода граѓаните јавуваат за зголемено присуство на глувци во нивните средини. Жителите стравуваат од заразни болести кои ги пренесуваат овие глодари. Од Центарот за јавно здравје пак, информираат дека досега не добиле информција за појава на наезда на глувци во делови од градот, а ја најавуваат редовната планирана системска дератизација во градот и околните места, кажува епидемилогот од Центарот за јавно здравје д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
„Планирано е на почетокот на септември да се изведе системска дератизација. Бројот на шахти е ист ќе се третираат 3000 шахти и истиот реон. До ценатрот за јавно здрвје нема пристигнато поплака дека во одредени делови на градот има зголемен број на глувци. Доколку се изведуваат градежни работи се очекува и зголемен број на глувци бидејќи им се нарушува нивното лежиште. Тие знаат по нарушувањето на нивните гнезда да ги напаѓаат околните куќи, подвлекува епидемилогот.
Додека започне планираната редовна дератизација, д-р Стурлакова Коровешоска советува како да се заштитат граѓаните од присуството на глодарите. Епидемилогот укажува да не се допираат со раце и да не се обидуваат граѓаните сами да поставуваат отров против глувци.
„Доколку забележат отвори дома и во помошните простории каде што може да навлезат глодарите добро е да се санираат и да се користи само лепак за глувци. Отровите како хемиско средство треба да се поставуваат од стручни лица од Центарот за јавно здравје“, напоменува д-р Коровешоска.
По предвидениот план за работа на Ценатрот за јавно здравје дератизацијата е планирана да започне на 5 септември и ќе трае 3 дена. Акцент ќе се стави на стариот дел од градот, а ќе се третираат шахтите во градот и пригардските населби. Редовна дератизација од Центарот за јавно здравје прават и на хотелите, болниците и училиштата.