Skip to main content

Зголемен бројот на несреќи при работа во земјава

Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најкритично е во текстилниот сектор, потоа следува преработувачката индустрија, градежништвото, па земјоделието. Ова се податоците од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа, според кои во земјава има тренд на зголемување на бројот на несреќи на работното место, како и оние кои се со смртен исход.
 |  инфодеск  | 
Македонско здржение за заштита при работа

Загрижувачки податоци од последната студија на Македонското здружение за заштита при работа. Македонскиот работник работи во небезбедни, нечовечни и нездрави услови. Најкритично е во текстилниот сектор, каде дури 80% од вработените имаат здравствени проблеми, заболувања стекнати при работа.

Македонско здржение за заштита при работа

Не е подобра состојбата ниту во преработувачката индустрија, градежништвото и земјоделието. 

Од неодамнешната студија која ја правевме за текстилниот сектор, каде опфативме една четвртина од работниците, увидовме дека малтене 80% од работничките и работниците во текстилната индустрија имаат одредени здравствени дијагнози. Сето тоа говори дека сме болни на работните места – изјави Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.

Македонско здржение за заштита при работа

Постојано се нарушуваат минимално договорените услови за работа, а тоа се плаќа со крв. Во 2021 година се случиле 165 несреќи при работа во земјава, но според податоците на Институтот за Јавно здравје, на годишно ниво има околу 1500 потешко повредени.

Секоја недела губиме по еден работник на работното место. И во статистиката која ја имаме во изминатите десеттина години, имаме армија од 400 луѓе загинати на работните места. Некој треба да се засрами за тоа, некој треба да преземе одговорност – додава Петковски.

Македонско здржение за заштита при работа

Во земјава има тренд на зголемување на бројот на несреќи на работното место, како и оние кои се со смртен исход. Само лани се случиле 30 тешки повреди со фатални последици. Стапката на смртни случаи при работа во 2021г. изнесува 3,77, односно, на секои 100.000 вработени, речиси 4 вработени гинат на работното место.

Македонско здржение за заштита при работа

Новинар : Соња Рилковска