Skip to main content

Зголемен бројот на охриѓани кои ги проверуваат своите податоци во избирачкиот список

Над 70 граѓани од Охрид и Дебрца побарале увид во избирачкиот список во подрачното одделение на Државната изборна комисија. Во тек е јавниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Службата на ова одделение почнувајќи од 28 октомври па се до 11 ноември на граѓаните им е достапна секој ден вкучително и сабота и недела од 8 часот и 30 минути до 19 часот, информираат од таму.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Зголемен е интересот на охриѓани за увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември. Деновиве во подрачната единица на ДИК, како што информираше раководителот Марга Димкоска, фрекфенцијата на луѓе кои ги проверуваат сопствените податоци е поголема во споредба со минатиот увид. Досега подрачното одделение го посетиле над 70 граѓани. Исто така според Димкоска од вчера во пораст е и бројот на граѓани кај кои записите во избирачкиот список се спорни.

„Од вкрстеното проверување на гласачите кое го спроведе ДИК досега се пријавени по пат на пријава 7 неконзистентни записи на граѓани. Мислам дека в онаредниов период таа бројка ќе се зголеми бидејќи ДИК овие денови повторно вложи напор на ниво на држава до сите неконзистентни записи пушти лични писма на домашна адреса“.

Димкоска упати апел до граѓаните на Охрид и Дебрца, регионот кој го покрива ова одделение, да извршат проверка и со себе да носат лична карта или пасош.

„Добро би било граѓаните да го остварат ова свое право со што би се увериле дали се запишани, дали се извршени некои промени кои претходно ги барале или не се со цел на денот на гласање да нема проблеми

Раководителката на подрачното одделение на ДИК појаснува дека граѓаните имаат можност проверка на записите во избирачкиот список да направат и електронски на интернет страната Државната исборна комисија www.sec.mk каде ја пополнуваат пријавата за регистрација и со тоа нема потреба да доаѓаат лично во Подрачното одделение на ДИК.