Skip to main content

Државен завод за статистика

Зголемен бројот на туристи

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 е зголемен за 10,3 отсто.
 |  инфодеск  | 
туристи

Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските е зголемен за 32,9 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е намален за 10 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17 проценти.

Бројот на туристите во јануари 2023 година изнесува 43 384 и од нив 43,2 отсто се домашни, а 56,8 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата е 88 635, од кои 50 отсто се од домашните туристи, а 50 проценти од странските.