Skip to main content

Ухмр

Зголемен водостојот на Охридското езеро

Резултатите од последните мерења направени од УХМР покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е зголемен за два сантиметри.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

За два сантиметри е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од просекот за јануари. Пониско од просечното и тоа за 1,81 метар е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Повисоки од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и главно имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Најголемо зголемување на водостојот во споредба со вчера, речиси двојно, има реката Вардар на мерното место кај вливот на Лепенец, а најголемо намалување има Црн Дрим кај Ложани.