Skip to main content

Резултати од последни мерења на ухмр

Зголемен водостојот на Охридското езеро

Резултатите од последните мерења направени од УХМР, покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е зголемен за еден сантиметар.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа нивото на Охридското Езеро е за 13 сантиметри пониско од просекот за јануари. Понизок од просечниот и тоа за 1,81 метар е и водостојот на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е за 2,61 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Повисоки од просечните се и водостоите на поголем дел од реките во земјава. Повеќе од двојно повисок водостој од просечниот имаат реките Треска на мерното место кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила и Сатеска кај Ботун.