Skip to main content

Зголемување на безбедноста на сообраќајот

Локалната со бројачи на брзина ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот.

 |  Валентина Нелоска  | 
merac
мерач
Локалната со  бројачи на брзина  ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот

На пресекот од Булевар Туристичка и улицата Даме Груев, локалната самоуправа пред три месеци постави два бројачи  за мерење брзина на едно  од покритичните места  во градот. Советникот за сообраќај, Зоран Шикалоски вели дека на овој начин ги предупредуваат возачите доколку ја пречекорат дозволената брзина да ја усогласат со максимално дозволената. Од оделнието за собраќај при локалната самоуправа кои го организираат  сообраќајниот режим во градот планираат на Булевар Туристичка да постават бројачи  уште на неколку места. Шикалоски потенцира дека мерачите се  софистицирана опрема и двата чинат околу 280.000 денари.

merac na brzinaСообраќајната полиција, исто така  очекува позитивни резултати од поставените бројачи на брзина.Страшо Миленкоски, од СВР Охрид вели дека контролите кои ги прават покажуваат дека брзината која ја покажуваат бројачите е приближна со онаа која нивните патроли  ја мерат на овој дел од патот.Тоа покажува  дека  возачите се дисциплинирани и се придржуваат кон ограничената  брзина на патот.  

ТВМ во неколку наврати пишуваше за реакциите на жителите од оваа сообраќајница. Со петиција 180  жители бараа  спас, за безбедност на  како што ја нарекоа Крстосницата на смртта. Тие очекуваа решение за честите сообраќајни несреќи во кои жртви беа најчесто  пешаци и велосипедисти. Велат дека овие бројачи одат кон подобрување на општата сообраќајна безбедност.

 

 

 

{loadposition content9}