Skip to main content

Државен завод за статистика

Зголемени цените на угостителските услуги

Во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
 |  инфодеск  | 
Ресторан угостителски услуги

Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент и Ноќевања за 1,7 процент.

Во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари − март годинава во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 14 проценти, а во однос на декември 2022 година за 0,9 проценти.