Skip to main content

Згрижувањето на старите лица во Охрид-проблем

 Се почесто старите лица зачукуваат на врата на Центарот за социјални работи за помош.

 |  Валентина Неловска  | 
пензионери
пензионери

Се почесто старите лица зачукуваат на  вратата на Центарот за социјални работи  барајќи  помош. Во последно време се поевидентен е проблемот со старите лица и задоволување на нивните основни потреби, нагласува директорот на Центарот  Екрем Каљоши.

„ Во центарот се јавуваат лица кои живеат сами и бараат адекватно  решение. Не сите лица кои живеат сами имаат и доволно приходи за сместување. За жал во моментов во градот нема установа која би се грижела за нив, ако се исклучат геријатриското одделение и костозглобна. Редно  е надлежните да размислуваат за центар за старите лица каде тие би ги оствариле своите потреби“.

Во повеќе наврати од Центарот интревенирале стари  лица да им се најде соодветно сместување. Лицата кои  останале  без грижа од семејството биле сместени во домовите во Битола и Прилеп. Во зависнoст од материјалната состојба се сместуваат на трошок на државата или сами ги плаќаат издатоците за престој, кажува Каљоши. Од Центарот за овој сериозен проблем разговарале и со ресорното Министерство и со Локалната самоуправа. Идеи и иницијативи за реализиација на проекти имало но без конкертни активности, вели Каљоши.
локација за домЖелбата да им се помогне на старите лица постои  кај повеќе инситуции и организации. Почнувајќи од Здружението на пензионери,  Црвениот крст па се до Локалната самоуправа.  Неодамна, преставници од Локалната самоуправа имаа можност да ги слушнат искуствата на европските земји и како тие се справуваат со оваа појава. Охридските советници учествуваа на Европска конференција на збратимени градови во Трогир. „Тема на конференцијата беше „ Активно стареење и меѓугенерациска солидарнст“, вели независниот советник  Љупчо Настоски. Тој нагласува дека од учеството на конференцијата извлекле заклучок дека нашата Локална самоуправа, како и во остантите земји, финансиски ги помага старите лица во нивните спортски, културно – забавни активности во рамките на своите можности. Што се однесува до другиот начин на квалитетно згрижување на старите лица се зависи од  економскиот развој на земјата, појаснува Настоски.

„Секој на свој начин презентираше како се грижи за старите лица  во својата земја. Можевме да дознаеме каква е ситуацијата во повеќе и помалку побогатите земји од нашата. Генерално се зависи од финансиската моќ на државата без разлика дали помошта ќе биде на државно или локално ниво“, кажува независниот советник Настоски.     
 
Една од заложбите на Локалната самоуправа на која подолго време се работи е изградба на Дом за стари лица. Локацијата е позната,  урбанистичкиот план е подготвен,  се чека само  инвеститор. Со изградбата на Домот  ќе биде решен еден голем  проблем каде што старите лица ќе можат да добијат сместување во местото на живеење, а не надвор од него.
{loadposition content9}