Skip to main content

Љубов и топол дом за секое дете

Анкица Крстаноска во своето семејство полно со љубов и разбирање има згрижено две дечиња. Таа е позитивен пример за сите. Во Охрид засега за жал има само две згрижувачки семејства. Од центарот за социјални грижи велат дека во изминатиов период интензивно работат на кампања на проектот од Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“ со цел да ги поттикнат охриѓани што повеќе да згрижуваат деца.

 |  Јаковлева Лионела  | 
semejstvo
семејство

Анкица Крстаноска е мајка на три деца. Таа има три ќерки, но само на една од нив и е биолошка мајка. Другите две девојчиња ги има згрижено во своето семејство полно со љубов и разбирање. Анкица уште пред четири години заедно со нејзиниот сопруг се одлучиле да станат згрижувачко семејство.згрижувачки семејства


Ние долго време немавме деца. После многу години во брак ја родив мојата ќерка, но бидејќи сакавме уште деца со мојот сопруг решивме да згрижиме некое детенце, вели Анкица.

Нејзиното семејство е едно од двете во Охрид кои згрижуваат дечиња. Од центарот за социјални грижи велат дека во изминатиов период интензивно работат на кампања на проектот од Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“.


За жал во Охрид немаме голем интерес досега. Причините за тоа ги гледаме во недоволната информираност на граѓаните. Затоа започнавме со спроведување на овој проект да ги запознаеме граѓаните што значи згрижувачко семејство, вели М-р Гордана Атанасова-социјален работник.
zgrizuvacko semejstvo
Како што информираат од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа од Охрид, потенцијалните згрижувачи на деца, добиваат обука, стручна помош од страна на тим на центарот, паричен надомест, односно надомест за трошоците за сместеното лице и надоместок за згрижување, право на паричен надомест за згрижувач. Згрижувач може да биде секој што сака да помогне на децата кои се наоѓаат во моментално тешки услови и поминуваат лоши моменти. Исто така згрижувачите треба да исполнат и одредени услови односно возраст, образование, здравствена состојба, материјалните и станбените услови и морална подобност. Од Општина Охрид засега се згрижени 9 дечиња. Три се во општинава а другите шест во другите општини од државава. Можат да се згрижуваат деца од три до 18 години. После тоа државата е должна да им обезбеди услови за живот исто како на оние деца кои биле згрижени во дом за деца без родители. Едно згрижувачко семејство може да згрижи максимум пет здрави деца. Анкица Крстаноска чие згрижувачко семејство е позитивен пример за сите охриѓани засега има згрижено две дечиња а има намера да згрижи уште. Таа им порачува на своите сограѓани

Да не се плашат од неизвесноста. Нека пробаат да згрижат некое детенце на кое судбината не му била наклонета. Ако имаат љубов кон децата се ќе биде во ред, вели Анкица.

Инаку, денес Центарот за социјални работи  во соработка со Агенцијата за вработување ја одржа првата трибина во Охрид посветена на проектот„На секое дете му е потребно семејство“. Претходно вакви предавања имало во руралните средини. На трибината имаше десетина граѓани кои покажаа интерес за овој проект.

{loadposition content9}