Skip to main content

Жените похрабри да започнат сопствен бизнис

Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка.

 |  Валентина Неловска  | 
марија
марија

Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка. Таа е една од ученичките која го посетува курсот за козметичари во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.  Оваа млада девојка практичниот дел од курсот  за козметичари го обавува во козметичкиот салон „Изида“ кој соработува со  отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.
козметичари
„Многу сум задоволно, научив работи кои ќе можам да ги користам во понатамошната работа. На курсов можеше да се научи се и ги пробавме сите третмани, Сузана е целосно предадена на пренесување на знаењето како  и останатите вработени“.

Сузана Наумоска, козметичар и сопственик  на „Изида“,  како предавач во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење соработува веќе 20 години. Како предавач, практичниот дел им го пренесла несебично на голем број учениците кои се стекнале со диплома и знаење од козметологијата. Наумоска како преставник на приватниот бизнис сектор потврдува дека занаетчиите се подготвени за самостојна работа после пет години од печење на занаетот. Дел од обуката и практичната настава се изведуваат според законска  програма. Теоретскиот и практичниот дел се изучува во салоните на предавачите два пати во годината по 3 месеци, нагласува Наумоска.    

„ Во тие 3 месеци курсистите  ги добиваат основите. Но, занаетот се учи и печи 3 години. На запад стандардите се по 3 години едукација и 5 години работа кај работодавач, а јас со 20 години работно искуство можам да кажам дека после тие 5 години може самостојно да се функционира“, потврдува Наумоска.

изидаСлавица Ристеска, директор на  отворениот  граѓански универзитет за доживотно учење вели дека во нивната институција луѓето се стекнуваат со занаетчиски дипломи. Статистика покажува дека во нивната институција се пријавуваат лица на возрста помеѓу 30 и 40 години. Оние што ја осознаваат својата потреба за прекфалификација и едукација за да обезбедат егзистенција, а меѓу нив жените се  најбројни, кажува Ристеска.

„Тие имаат поголема иницијатива да си го менуваат животот и да си ја осознаваат  потребата за прекфалификација. Успехот на курсевите е во тоа што доброволно доаѓаат и тоа сакаат да го работат“, вели Ристеска.

Во текот на 20 годишното постоење на отворениот  граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ или поранешниот Работнички универзитет  со диплома се стекнале 1400 занаетчии. Од нив голем број работат како фризери, козметичари, сметководители на компјутер, физикална терапија со масажа, напоменува Ристеска.  

{loadposition content9}