Жените во АРМ
Жените во АРМ иако ги има во многу мал број се вистински професионаци и се носат со голема одговорност рамо до рамо со мажите. Предизвикот да се биде на браникот на државата бара многу работа, дисциплина и посветеност. Мишела Маркоска старешина во центарот за обука на вода и нејзината колешка Елисавета Димитриеска се примери дека не постојат машки и женски професии.
Жените ги надминуваат стереотипите за некои професии кои порано се сметаа за исклучиво машки. АРМ е вистинска платформа за професионален развој на една амбициозна, храбра, издржлива, дисциплинирана, со еден збор жена која навистина го сака тоа што го работи односно вистински ја сака оваа за многумина повеќе „машка“ професија. Таков е примерот со Мишела Маркоска и Елисавета Димитриеска, вработени во Армијата на Р. Македонија во Центарот за обука на вода во Охрид. Мишела е старешина, а Елисавета работи во администрацијата, двете фамилијарни жени, мајки на две деца. Мишела по потекло е од Скопје. Во АРМ работи од 2003 год, еден период има работено во касарната Илинден. Таа за ТВМ раскажа од каде љубовта за оваа професија.
„Љубовта кон оваа работа ми се јави од самата одговорност што ја носи оваа работа и пред се поради дисциплината која е застапена во нејзе. Жените во армијата се прифатени рамноправни и кога станува збор за работата не се гледа дели е маж или жена“.
Во администрацијата на АРМ од 2003 година работи и Елисавета Димитриеска. Таа вели дека има голема одговорност во избраната професија. Но смета дека предизвик е да се работи во АРМ, каде повеќето се мажи, а жените ретко се застапени.
„Сепак се работи со доверливи документи, кои што се од некое тајно значење што не може секој да дојде до нив. Да се работи на ова работно место мора да се поседува одреден сертификат кој што не може секој да го поседува и одговорно да ја врши работата. Навистина до ден денешен сум многу задоволна и среќан што сум прифатена рамноправно од страна на сите и нема поделба во полот“.
Двете дами од охридскиот Центар за обука на води не пречекаа со широка насмевка. Она што можеше да се воочи кај нив беше перфектната уредност и став. Вакви жени професионалки во армијата се застапени со само 4%. Министерството за одбрана поповод 8ми март застапеноста на жената во армијата ја разгледува на трибина на тема „Родова перспектива во одбраната“.
Меѓународниот ден на жената е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Првиот Ден на жената е одбележан на 28-ми февруари 1909-та година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената.