Skip to main content

Женскиот Лајонс клуб „Деница“ ја организира третата „Хуманитарната вечер под маски“

Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo

Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.

Трета година по ред  Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на денот на шегата организира „Хуманитарна вечер под маски“, на која оваа година дениците ќе се обидат да соберат средства кои ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.

maskiИнаку средствата кои беа собрани од првиот ваков хуманитарен настан во организација на дениците беа донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Минатата година пак преку „Хуманитарната вечер под маски“ беа собрани финансиски средства кои беа искроситени за набавака на современа фотокопир машина за Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид.

Како и изминатите години, така овој пат покрај донациите на сите оние кои ќе присуствуваат на овој настан, хуманитарниот фонд ќе биде збогатен и со средствата собрани од организираната ексклузивна лотарија.

Хуманитарната вечер ќе се одржи утре вечер во „Сити Палас“ хотелот во Охрид со почеток 20 часот. А за да бидете дел од овој настан, потребни ви се доза на хуманост, 500 денари за влезницата и секако да го почитувате кодексот, задолжително да имате маска.