Жител на Лескоец се однесувал агресивно кон полициски службеници
Пријава против жител на Лескоец кој во неговото село го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеници.
| | Охрид
На 28.08.2021 во 21.25 часот, во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Л. (39) од истото село, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.