Жителите на Варош бараат градски превоз
Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот.
Варошани се чувствуваат запоставено и изолирано по најновата одлука општината да воведе нови линии за граѓаните од неколку периферни делови од градот. Со одлуката не е опфатен овој дел од Охрид. И жителите од Стар град сакаат градски превоз.
Се поскапите такси услуги, скапата цена на горивото како и новиот сообраќаен режим наметнуваат ваква потреба. Граѓаните кои не сакаат јавно да зборуваат пред нашата камера за оваа потреба велат дека тоа би било големо олеснување и за нив, но и за гостите кои бараат сместување во овој дел од градот. Од Локалната самоуправа велат дека пред 4 години ја испитувале можноста за воведување на линиски превоз ама жителите не покажале интерес. Со оглед на новите околности подготвени се повторно да го преиспитаат реалниот интерес на мештаните. Доколку се покаже економски исплатлива оваа релација ќе донесат одлука линиски превоз и во Стар град. Наскоро, пак се очекува воведување на нови линиски превози за жителите од неколку периферни населби во градот.
„Планираме да воведеме две градскикружни линии кои ќе гиопфатат населбиТЕ Жеелзничка, Гоце Делчев дел од Впска, Видобишта и централното грдаско подрачје што ги поврзува сите овие храдски населби со цнетарот на грдот , со Маларична и општа Болница.Линискиот превоз се надополнува и со превоз до селото Завој“, информира Зоран Шикалоски, рак на одделението за Комунален развој.
Во моментов со градски линиски превоз се опфатени туристичките и градските населби како и околните села. За линиски превоз во градот, Струга и околните села општината има издадено 14 лиценци на различни превозници.
{loadposition content9}