Жителите од Стар град бараат поставување држачи на стрмните улички
Жителите од Стар град бараат поставување држачи на стрмните улички. Со мали зафати многу ќе им се олесни движењето по тесните и стрмни улички. Покрај тоа апелираат за поголема хигиена, и подобрување на осветлувањето во овој дел од градот.
Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето.
„ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги посочува потребите на жителите Патчев.
Претседателот на УЗ Стар град , Патчев напоменува дека хигиената во овој дел од градот треба да биде на повисоко ниво. ЈП Охридски комуналец редовно го подига сметот, но по улиците од камионите кои го собираат комуналниот отпад истекува ѓубре, а укажува и на неодговорно однесување на сопствениците на домашните миленици.
„ Метење на улиците и изметот на домашните миленици, апелирам до сопствениците да се подига. Да се најде начин, но и да се полира калдрмата од течноста од ѓубре да не се лепи по улиците, грда слика е за туристите и граѓаните на Охрид“, напоменува Патчев.
Покрај потребата од поголема јавна чистота , Патчев посочува и од потребата за зајакнување на осветлувањето на темни сокачина во Стар град. Патчев го потенцира комплексот Робевци кој во вечерните часови е слабо осветлен. Негова препорака е покрај поствување на улично осветлување и амбиентално осветлување на фасадата. Претседателот на УЗ Стар град сите барања на жителите од оваа урбана заедница од комуналната сфера ги доставил до Локалната самоуправа во предлог програма за општинскиот буџет за 2018 година, за кој се надеваат дека ќе бидат реализирани.