Skip to main content

Живите води низ Охрид исправни за пиење

Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење.

 |  Валентина Неловска  | 
fontani
fontani

Живите води или артешките бунари кои ги има на околу 30 -тина локации низ Охрид се исправни за пиење. Граѓаните може спокојно да ја гасат жедта на овие јавни чешми. Но, според Законот за води, водата која не е хлорирана не смее да се користи за широка употреба за пиење. Затоа овие чешми може да се користат само како алтернативен извор иако се бактериолошки и хемиски исправни, напоменува д-р Атанско Михаилов, директор на Центарот јавно здравје. Заради безбедност на граѓаните службите на Центарот вршат постојана контрола, информира д-р Михаилов.
cesma
„Секој месец, земаме примероци за испитување на овие води кој граѓаните традиционално ги пијат, за да се превенираат заразните заболувања. Водата не се хлорира, е природна, изворска“, вели д-р Михаилов.

Од Центарот за јавно здравје покрај испитувањата на водата од водоводната мрежа и артешките бунари, ја контролираат водата и од Билјанини извори и изворот Св. Петка во комплексот Св Наум. За употребата на вода од овие два зивори д-р Михаилов повикува на внимателност. Испитувањата покажaле дека водата во Билјанини извори има променлив квалитет, нагласува д-р Атанско Михилов.

„ Водата  во Билјанини извори е променлива заради неперманентен доток на вода. Друг фактор е влевањето на отпадните води посебно од околните места, посебно од Рача над Билјани извори, кои  се предизвикувачи на  загадување. Не знам докаде е спроведувањето на проектот за каналзиацијата, но септичките јами може да бидат  предизвикувачи на загадување при поголеми врнежи“, истакнува директорот  на Центарот.    
 
По минатогодишното негативно искуство со квалитетот на водата од изворот Св. Петка во Св Наум, се прават контроли и на овој извор. Последниот резултат од јули покажал дека водата е исправна  бактериолошки и хемиски. Но, д-р Михаилов укажува бидејќи оваа вода не е хлорирана и не спроведена во систем за законска употреба да не се користи за пиење доколку не се мора.

{loadposition content9}