Живко Митрески реизбран за претседател на ССМ
Живко Митрески реизбран за претседател на ССМ.
Живко Митрески е реизбран на функцијата претседател на Сојузот на Синдикати од сите 98 делегати , претставници од 17 гранкови синдикати на денешниот конгрес одржан во Охрид.
Овој избор покажа дека сојузот на синдикатите е движечка синдикална сила коjа покажа што сака и како с е брaнат работничките права, рече при тоа Митрески.
Во презентирањето на новата програма пред делегатите на 19 -тиот Конгрес, Митревски истакна дека новото раководство како претставничко тело на работниците во новиот мандат ќе се залага за понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните.
„ При тоа активностите ќе бидат насочени кон доследно почитување и применување на работничките права на сите нивоа, ќе се елиминира опасноста од нееднаквост на работниците, разликите во третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор, анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација“, напомена Митрески.
Митревски истакна дека во претсојниот период ќе бара и понатака унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор и безбедни услови при работа.