Животните трошоци растат
Животните трошоци растат. Тоа не само што го бележи државната статистика, туку го чуствуваат и граѓаните по својот џеб. Реакциите на граѓаните најчесто се однесуваат на поскапувањето на овошјето, млекото и млечните производи.
Растот на животните трошоци е одраз на порастот на цените на мало. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани пораснеле трошоците за живот за 1,8 отсто, според податоците на Државниот Завод за статистика. Граѓаните се соочуваат со зголемување на трошоците во повеќе сфери на општественото живеење а најголема забелешка имаа за порастот на цените кај исхраната.
Дел од жителите на Охрид и по неколку години не знаат дали денес имаат повисоки трошоци од порано. Запрашани дали денес се одвојуваат повеќе пари од домашниот буџет за расходи, креваат раменици. Некои од нив стравуваат дека може да биде и полошо и во таа смисла правеле компромис, наместо да дадат граѓански отпор и да се организираат против таквото собирање на арач. Реакции на граѓани има и за данокот на имот за кој велат дека три пати е повисок. Жалбите за високи сметки за струја, давачки за итни постапки за патни исправи, исто така се само дел од поскапувањата кои се случуваат последниве неколку години, но реакциите на граѓаните по се изгледа дека не допираат до надлежните, а давачките останаа исти.
Податоците на Државниот завод за статистика пак во споредба со јануари говорат дека трошоците за живот бележат зголемување за 0,2%. Анлизирано по сектори, цените на индустриско -прехрамбените производи имаат најголем раст од 4 % , додека цената на индустриските производи се зголемени за 3%.