Skip to main content

Зимската опрема уште денес

Обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, завршува денеска, 15-ти март.

 |   | 

Обврската за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, завршува денеска, 15-ти март.

Како што информира АМСМ Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.