Skip to main content

Учениците се вратија во училишните клупи

Зимскиот распуст заврши, започна второто полугодие

Денеска започна второто полугодие, откако зимскиот распуст со владина одлука беше продолжен за неколку дена, а учениците од основните и средните училишта по тринеделен одмор се вратија со физичко присуство во училишните клупи.
 |  инфодеск  | 
Ученици

Распустот заврши, а учениците денеска повторно се вратија во училишните клупи.

Учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови.

Иако периодов има голем број заразени со сезонски грип, други вирусни и бактериски инфекции, но и корона, за здравствените власти, епидемиолошката состојба во Македонија е стабилна и засега нема да се воведуваат никакви дополнителни мерки, така што второто полугодие може да почне.

Претходната седмица распустот беше одложен поради празникот, а второто полугодие требаше да продолжи во петокот на 20-ти јануари.