На 02.02.2023 во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија.
Тој на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава- информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.