Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Жител на Белчишта кршел шишиња на ул. Винковачка

44-годишен жител на Белчишта го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење шишиња пред продажен објект на ул. Винковачка.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 30.05.2022 година во 16:40 часот во продажен објект лоциран на улицата „Винковачка” во Охрид, Ж.Н.(44) од селото Белчишта, општина Дебрца, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на шишиња.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.