Свр билтен
Жител на Брежани се однесувал недолично на бул. Туристичка
52-годишен жител на Брежани се однесувал недолично кон граѓани на бул. Туристичка, информираат од СВР Охрид.
На 19.01.2023 година во 14:45 часот во СВР Охрид приведен е Ј.В.(52) од селото Брежани, општина Дебрца, кој претходно, на булеварот „Туристичка” во Охрид, со недолично однесување кон граѓаните го нарушил јавниот ред и мир.
При преземањето на службените мерки, полициските службеници со агресивно однесување биле попречувани од М.А.(49) од Охрид. Тој е приведен и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.


