Skip to main content

Протеран албански државјанин

Жител на Корча ја нападнал сопругата во Лескоец

Од земјава е протеран албански државјанин кој со тврд предмет ја повредил својата сопруга во охридското село Лескоец.
 |  инфодеск  | 
Насилство врз жена

На 23.11.2022 година во 11:10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш.(32) од Корча, Република Албанија.

Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата” во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан” – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.