На 14.09.2022 во 18:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин, информираат од СВР Охрид.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.