На 15.05.2022 година во 02:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид-одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода М.А. (28) од струшкото село Лабуништа.
При преглед извршен на булеварот „Железничка” во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.