Улица егејска
Жител на Лешани се однесувал агресивно кон полицајци
54-годишен жител на селото Лешани е лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.
На 28.12.2022 на ул. „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.П.(54) од с. Лешани, општина Дебрца, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Охрид.