Skip to main content

Трагедија

Жител на Мешеишта паднал од балкон и починал

69-годишен жител на Мешеишта паднал од балконот на семејната куќа и починал. Констатирана е смрт без траги на насилство.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 13.09.2022 година во 01:22 часот во СВР Oхрид, пријавено е дека В.Б.(69) од селото Мешеишта, општина Дебрца, паднал од балкон на семејната куќа и починал.

Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.