На 04.12.2022 година во 11 часот во СВР Охрид приведен е Ј.М.(31) од селото Мешеишта, општина Дебрца.
Тој се однесувал агресивно и упатил навреди и закани кон полициски службеници кои преземале службени мерки. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.