Кривична пријава
Жител на Радовиш поттикнувал омраза на фејсбук
Кривична пријава против жител на Радовиш кој на Фејсбук постирал коментар со што поттикнувал омраза против одредена група граѓани.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(58) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.
Тој на 03.08.2022 година, по објавен текст на портал поставен на социјалната мрежа Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза против одредена група граѓани – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


