Кривична пријава
Жител на Ресен фатен со кокаин во ноќен клуб во Охрид
Кривична пријава против 26-годишен жител на Ресен кај кого при контрола во ноќен клуб во Охрид полицијата пронашла кокаин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При контрола извршена во ноќен клуб на улицата „Стив Наумов” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


