Кривична пријава
Жител на Струмица поттикнувал говор на омраза на фејсбук
Поднесена кривична пријата против 56-годишен жител на Струмица кој поттикнувал говор на омраза на социјалната мрежа фејсбук.
СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.


