Skip to main content

Трагедија

Жител на Требеништа пронајден починат во својот дом

63-годишен жител на селото Требеништа е пронајден починат во својот дом. Констатирана е смрт без траги на насилство.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 09.02.2023 година во 13:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, во својот дом во селото Требеништа, општина Дебрца, пронајден починат е М.Л.(63) од истото село.

Екипа од итната медицинска помош констатира смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.