Skip to main content

Кривична пријава

Жител на Велес ширел говор на омраза на фејбук

Кривична пријава за жител на Велес кој на пост објавен на Фејсбук, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза.
 |  инфодеск  | 
Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи”.

Тој, на 20.10.2022 година, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.