На 26.08.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид, 61 годишно лице од с.Велгошти, охридско, пријавил дека околу 15.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од жител на с.Ливада, струшко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.