Жители на ул. Абас Емин бараат подземен или прес контејнер на паркингот кај пазарот
Преку рубриката Ти Си Твојот Град жители на ул. Абас Емин бараат посовремено решение за одлагање на комуналниот отпад на потегот кај паркингот во близина на градскиот пазар.
Тие велат дека на потегот се концентрирани премногу на број контејнери каде се собира отпадот од пазарот и од пошироката околина.
Бараат да се дислоцираат контејнерите или барем да се редуцираат и распоредат на повеќе локации. Со оглед на количината на отпад која се собира на тој потег бараат некое посовремено решение како подземен или прес контејнер.
Од ЈП Охридски Комуналец во врска со овој проблем на жителите на кракот од ул Абас Емин велат дека се разгледува опцијата на тој потег да се постави прес контејнер. Во Општина Охрид во моментов прес контејнери има на две локации во станбениот комплекс во населбата Христо Узунов.